Охрид

(ФОТО) И со автопатот се претера па сега се руши ? !

На фотографии испратени до нашата редакција се гледа како булдожери уриваат дел од постамент за надвозник на автопатот Охрид – Кичево кој се гради веќе 9 години.
По се изгледа постаментот е повисок од предвиденото, па сега истиот се урива ( се дроби, се крши горниот дел ) за да се снизи и да биде употреблив.
Автопатот од Охрид до Кичево се гради 9 години и не е извесно кога ќе заврши градењето.