АктуелноОхрид

Македонски рекорд: Охриѓанец возел со 4,07 промили алкохол

Денеска (26.12.2022) во 13.34 часот полициски службеници од СВР Охрид-ОВР Струга при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки во Струга санкционираа возач бидејќи по извршеното алкотестирање биле измерени 4.07 промили на алкохол. Лицето е исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен соодветен поднесок.

извор: СВР Охрид