АктуелноОхрид

Пецаков во честитката до католичките верници: Нека овие празнични мигови донесат светлина и радост во Вашите домови

На сите припадници од католичката вероисповед и на сите оние кои денес го слават Божиќ им упатувам најискрени честитки.
Нека овие празнични мигови донесат светлина и радост во Вашите домови. Овој голем празник е потсетник дека големата Божиќна радост треба да биде споделена со најблиските и пријателите, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Божиќ е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток. Овој голем празник нè учи да бидеме следбеници на врвните морални и етички норми и да дејствуваме во согласност со начелата на позитивниот дух.
Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир. Празничните денови нека го возвишат Божјиот благослов во Вашите срца, во домовите и во вашите семејства.

извор: ФБ Кирил Пецаков