Во Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, денеска беа доделени дипломите на новата генерација дипломирани студенти. Пред присутните се обрати Деканот на факултетот проф. д-р Снежана Дичевска:
-Факултетот за туризам и угостителство и во иднина ќе остане институција на која ќе можете да се обратите. Ние имаме одлична соработка со голем дел од нашите поранешни студенти. Заедно соработуваме во делот на наставата (клиничка и практична) во работа на заеднички проекти, но и во дел на формално и неформално образование, истакна Дичевска и додаде:
-Очекуваме и да го почитувате дигнитетот и значењето на оваа институција во која сте го завршиле Вашето образование. На тој начин ќе ја почитувате и Вашата струка и ќе го обележите Вашиот професионален пат на најдобар начин.
Деканката Дичевска на крајот им честита на дипломците за успешно завршено образование, посакувајќи им добра работа, многу среќа и успех во работата.
фото: Охрид 1