ИздвојувамеМагазинОхрид

(ФОТО) Охрид порано имал ѕидини и на плажата „Сараиште“

На фотографија објавена на ФБ страната „Охрид слики од минатото“ покрај војниците кои ловат риби, се гледаат и ѕидини кои порано се протегале и кај делот на плажата „Сараиште“ и биле дел од голем фортификациски „прстен“ кој го штител градот во напади од средниот век кога речиси сите градови биле обвиени со ваква заштита.

Оваа фотографија е направена во време на Првата светска војна и на неа се војници кои ловат риба заедно со локалното население.

Охрид во Првата светска војна бил на самата линија на фронотот кој се протегал преку планината Галичица. Градот бил под окупација на војската на Австро – Унгарија.