Охрид

„Првин ќе ме земеш после ќе ме во Охрид„ урнебесната комедија на репертоарот на ЦК „Григор Прличев“

„ПРВИН ЌЕ МЕ ЗЕМЕШ ПОСЛЕ ЌЕ МЕ…“ е урнебесна комедија која цели две години се игра на сцената на ТЕАТАР КОМЕДИЈА пред преполни салони. Ова е првото реално шоу во театар.
БИЛЕТИТЕ можат да се купат на билетарницата на НУЦК “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ” – ОХРИД.
Дејството на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“ помеѓу лекторката Кети Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. Тој – маж со неуспешен брак зад себеси, решен никогаш веќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура, Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се омажи до својот 30-ти роденден, кој го слави истата вечер.
Ова е единствената претстава за време на која вие како публика сте активен учесник во режирањето на претставата. Дали Таа да го бакне или да му удри шамар, дали Тој или Таа да одговори на повикот од неговата бивша жена – одлучувате вие по пат на гласање во живо!
Режија : Ѓорѓи Ризески
Играат: Роберт Ристов, Мирјана П. Ристов, Дарко Вељиќ
Костими : Елена Лука
Сценографија: Роберт Ристов
Видео реализација: Филип Петровски
Камера: Јане Марковски
Продуценти: Роберт и Мирјана Ристов
Продукција: Театар Провокација
Театар комедија