АктуелноОхрид

Охрид 24: Само еден член на Левица си поднесе оставка од Управен одбор на ЈП “Комуналец”, другите ќе си останат да земаат паушали

Лицемерието на Левица Охрид очигледно нема крај. Од една страна глумат опозиција и ја критикуваат локалната власт, а од друга страна нивни членови “лапаат” паушали како дел од Управните одбори во јавните претпријатија.

Дознаваме дека само еден член на УО на ЈП “Охридски Комуналец” си поднесол оставка, а другите не стануваат од топлите столчиња во Управните одбори на јавните претпријатија, пишува Охрид 24.мк.

Ја побаравме советничката од Левица во Советот на општина Охрид, Виолета Аврамоска, да ја прашаме кога мислат и другите членови на Управни одбори, поставени од оваа партија да си поднесат оставка, со оглед на тоа што постојано ја критикуваат локалната власт, но таа ни одговори дека во моментот е на работа и е премногу зафатена, и да се јавиме кај друг член на партијата.

Претходно, во август месец, кога веќе почнаа препукувањата на Левица со локалната власт, ја побаравме за истото прашање, ни одговори дека сите нивни членови избрани во Управните одбори на јавните претпријатија ќе поднесат оставка, но не прецизираше кога.

После 4 месеци од тој момент, членовите на Левица, се’ уште се дел од Управните одбори и “лапаат” паушали, од една страна, а од друга страна Левица Охрид и понатака ја критикува власта без основ.

Очигледно столчињата во Управните одбори се многу топли, па не се напуштаат.

извор: Охрид 24.мк.