АктуелноОхрид

Постојниот Комитет на Бернската Конвенција при Советот на Европа ја повика државата да ги стопира сите тековни проекти и активности кои се спротивни на одредбите во Бернската конвенција

Постојниот Комитет на Бернската Конвенција при Советот на Европа денес ја усвои одлуката во врска со случајот за заканите врз кандидат- Емералд подрачјата Охридско Езеро и Галичица.
Во истата Комитетот изрази длабока загриженост за влошената состојба на подрачјата, како и за односот на државата кон своите меѓународни обврски – Бернската конвенција е особено загрижена што Владата до неодамна (октомври 2022) не беше ни свесна дека случајот е отворен во декември 2021 година, се вели во објавата на ФБ на Front 21/42.

Со последната Одлука уште еднаш се потврдува потребата за итна мисија на терен, кон која можеби ќе се приклучат и УНЕСКО и Рамсарската конвенција.

Комитетот ја повика државата да ги стопира сите тековни проекти и активности кои се спротивни на одредбите во Бернската конвенција; додека не се оствари мисијата да го одложи усвојувањето на клучните документи; сè до усвојување на препораките од мисијата на терен да ги стопира сите постапки за понатамошна урбанизација и други градежни зафати на и во близина на подрачјата (вклучувајќи ги и административните процедури за истите), како и сите постапки за легализација на дивоградбите на овие територии.

извор:ФБ Front 21/42