АктуелноОхрид

Албански државјанин агресивно се однесувал кон жител од Лескоец и ја повредил неговата сопруга, по што е протеран од земјава

На 23.11.2022 година во 11.10 часот во СВР Охрид приведен е У.Ш..(32) од Корча, Република Албанија. Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец,  агресивно се однесувал кон сопственикот  по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил. По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка ,,протерување на странец од земјата“ во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан“.

 

извор: СВР Охрид