АктуелноОхрид

Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско

Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско, напиша на својот Фб профил градоначалникот Кирил Пецаков,

Во објавата градоначалникот додава:

Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити.
Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со Охриѓани.
Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

извор: ФБ Кирил Пецаков