Денеска остварив средба со младиот каратист Наум Јаковлев, кој освои бронзен медал на 21-то Светско првенство во традиционално карате ИТКФ, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Упатив честитки до младиот Јаковлев и неговиот матичен клуб „Фудошин“ за остварениот успех, со желби за уште поголеми спортски достигнувања. Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за поддршка на спортските клубови и младите спортисти кои учествуваат на врвни натпревари, бележат значајни успеси и го промовираат Охрид во светот.
Овогодинешното Светско првенство во традиционално карате ИТКФ се одржуваше во Скопје од 11-ти до 13-ти ноември 2022 година, во организација на МТКФ (Македонска Традиционална Карате Федерација).
На натпреварот учествуваа преку 40 држави и 450 натпреварувачи, а младиот Јаковлев освои 3-то место во младинска категорија, во дисциплината кумите. Како дел од македонската репрезентација, на светското првенство учествува уште две натпреварувачки од охридскиот карате клуб „Фудошин“, Ана Томоска во категоријата пионери и Ангелина Симиџиоска во категоријата кадети.
извор: ФБ Кирил Пецаков