На Општинскиот натпревар во ракомет кој се одржа на 14.11.2022 година тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид под водство на професорите по спорт и спортски активности Ѓорѓи Скепароски и Валентино Костадиноски го освои првото место. Првото место е освоено во конкуренција на тимовите од останатите средните училишта од Општина Охрид.
Им честитаме за успехот на учениците и нивните тренери и им поскауваме успеси и во понатамошните натпревари, информираат од ОЕМУЦ Св.Наум Охридски.