АктуелноОхрид

При контроли на шумскиот појас „Мазатар“ СВР и шумската полиција забележале 32 бесправно пресечени букови стебла

На 15.11.2022 година од 08.00 до 15.30 часот, полициски службеници и претставници на Шумската полиција од Охрид извршија контроли на шумскиот појас „Мазатар“ на планината Галичица. Притоа, во одделот 14 со кој стопанисувал правен субјект со седиште во Охрид забележани се 32 бесправно пресечени букови стебла. Се преземаат мерки за расветлување на настанот.

извор: СВР Охрид