АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Изложба “ЧЕНТО – Биографија низ фотографија” во Спомен куќата на Христо Узунов во Охрид

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп, по повод 120 години од раѓањето и 65 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, Ве покануваат на отворање на изложба “ЧЕНТО – Биографија низ фотографија”.
Изложбата преку фотографии го следи животот и делото на претседателот на Првото заседание на АСНОМ, од неговото детство, предвоениот, воениот и периодот по ослободувањето, се до неговата смрт, како и фотографии на создадени дела за него.
Отворањето на изложбата е во Спомен куќата на Христо Узунов – Охрид на ден 18 ноември 2022 година во 12.00 часот.
Автор на изложбата е Рубинчо Белчески, историчар – кустос советник во НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп.
Завод и Музеј Охрид