АктуелноОхрид

Претседателот и секретарот на Охридските пензионери Трпчески и Владимиров, казнети со глоба од 2.000 евра

Државниот пазарен инспекторат од Охрид при извршена контрола во Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца,денови констатира злоупотреба околу водењето на евиденција и на наплатата околу огревно дрво на пензионерите,кои се снабдуваат преку здружението со дабово и буково огревно дрво. Државниот пазарен инспекторат, конститирал дека злоупотребата е спротивна на Законот за економија и другите законски акти што ја регулираат оваа материја.Висината на глобата изнесува 2.000 евра, од кои Здружението на пензионерите е казнето со 1.600 евра а раководителот односно претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески е казнет со 400 евра.

Финансиските средства од 2.000 евра ЗП Охрид и Дебрца ќе ги исплати од средства на членарината на пензионерите,вака било констатирано на последната седница на Извршниот одбор.Впрочем и досега за злоупотреби и судски спорови ЗП Охрид и Дебрца ги исплаќаше од средставта на членарината на пензионерите.На последната седница Извршниот одбор ја прифатил и донесол одлука за исплата на глобата од 2.000 евра.Инаку околу 40 отсто од пензионерите сеуште не ги имаат добиено уплатените количини на огревно дрво, иако грејната сезона започна пред еден месец.

Само за потсетување, ЗП Охрид и Дебрца со средства од членарината на пензионерите исплати 15.000.000 денари и за десет- годишниот судски спор што го водеше и го изгуби со ЗП на инвалидските пензионери,сакајќи да докаже дека е сопственик на

Домот на пензионерите во Охрид.Но,за жал ЗП Охрид и Дебрца го изгуби спорот, бидејќи според Агенцијата за катастар на недвижности на Македонија,сопственик на Домот на пензионерите во Охрид од неговата изградба во 1971 година е Република Македонија, а корисници се двете здруженија на старосните и на инвалидски пензионери, со по една идеална половина.
За жал,наместо средствата од членарината да се трошат за помош на старосните и семејните пензионери, особено оние со минимални пензии и социјално загрозени пензионери и кои живеат во субстандардни услови, тие се трошат ненаменски и за лични интереси на раководството на Охридското здружение на пензионерите.

Оваа изречена парична глоба од 2.000 евра на здружението и претседателот и секретарот на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров, е уште една потврда од низата, која зборува за неспособноста и несовесното работење на раководството и за нивно лично богатење, на грбот на пензионерите.

Крсте Спасески,член на Собрание на ЗП Охрид и Дебрца