среда, ноември 27, 2024
АктуелноОхрид

СВР Охрид за излетаното возило на магистралниот пат Охрид-Ресен кај тунелите

На 13.11.2022 во 04,30 часот пријавено е дека на магистрален пат Ресен-Охрид во близина на селото Завој, патнички автомобил „сеат ибица“ со ресенски регистарски ознаки, управуван од 22 годишно лице од Ресен, излетал од патот. Притоа, возачот и сопатникот 19 годишен ресенчанец, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

извор: СВР Охрид