четврток, ноември 28, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

ОК ВМРО ДПМНЕ: ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков направија многу повеќе за една година отколку СДСМ за четири години

Кристина Крлеска-Деспотоска се дрзна да ја критикува Локалната власт предводена од
ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков откако СДСМ залудно потроши
четири години исполнети со неработа, неспособност и лаги.
Охриѓани ги гледаат и чувствуваат промените, само одредени партиски послушници на
СДСМ никако да се соочат со вистинската реалност.
Штом веќе ги тргнале розовите наочари да им ја освежиме меморијата и да ги
потсетиме и запрашаме:
Кои катни гаражи и ликови на плоштадите ги бараат, тие кои за 4 години не ги
направија?
Но, нека не се грижат ние сме тука за да градиме и реализираме, за разлика од нив кои
единствено беа експерти за бројните дивоградби и загрозувањето на статусот на Охрид
под УНЕСКО.
Градоначалникот Пецаков работи за подобар Охрид и мнозинството во Советот носи
одлуки за доброто на сите охриѓани и транспарентно ги троши средствата од Буџетот.
За една година долговите кои ги остави криминалната власт на СДСМ се исплаќаат без
воопшто да не се генерираат нови.
Вложено е посебно внимание на условите во кои работат училиштата и спроведени се
инвестиции во сите училишта кои за првпат немаат никаков долг. За првпат
првачињата добија по 3000 денари, за лицата со ретки болести и посебни потреби се
обезбедија стипендии, како и образовен додаток по 6000 денари за студенти од
семејства со социјален ризик.
Отворен е Младински центар, прв во Македонија. Велгошти добива повеќенаменско
игралиште. Санирани се и реконструирани детски игралишта на повеќе локации, а
огромна финансиска поддршка се дава на спортски настани, клубови, манифестации и
спортисти, како и на културни манифестации, здруженија и настани.

Булеварот „Македонски просветители“ донесе автентичен лик на централното
подрачје, реконструирани се улиците „Момчило Јорданоски“, „Прилепска“, „Будва“,
асфалтирани се повеќе улици низ општината, извршена е санација на потпорни ѕидови
и поплочување.

Реконструкција на водоводна линија на улиците „Ѓорче Петров“, „Ирина Мирка
Гинова“, „Бранко Шотра“, нов цевковод во Шипокно и уште многу проекти за
осовременување на водоводната мрежа.
Нова фекална канализација на „Будва“, „Винковачка“, „Живко Чинго“, во село Лескоец
и уште многу инвестиции за подобрување на системот за отпадни води.
Постигнатите резултати на јавните претпријатија доволно зборуваат за грижата кон
охриѓани и Охрид.
Од партиски популизам и поигрување со националните чувства и понижување на
Македонците друго ништо повеќе не знае СДСМ.
Нека гледаат и учат како се работи, како се реализираат проекти и како се сака Охрид
со дела!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид