четврток, ноември 14, 2024
АктуелноОхрид

OhridVest: Демир Далип си игра мајтап со СДСМ!

Демир Далип си се мајтапи и си прави што си сака со партијата СДСМ во Охрид.
Од како предизвика инцидент во ЈЗУ Општа Болница, каде искрши умивалник и нападнал со лажно оружје ,медициснка сестра, полицијата предводена од СДСМ не успеа, не покажа способност да го расветли случајот.
Потоа од како Демир Далип ја искористи неспособноста на СДСМ во Полицијата продолжи да објавува статуси дека директорката на Здравствен Дом Охрид  и претседателката на СДСМ сакале да го умрат со мобингот кој му го вршеле.

Потоа од како Кристина Крлеска Деспотоска конечно реагира на нешто ( па макар тоа да е и статусот од Демир Далип ) тој тврдеше дека е во животно загрозувачка состојба и дека можело да замине на онај свет, па понизно се извини на СДСМ за неговите лажни тврдења дека му правеле мобинг и сакале да го умрат.

Инаку на 31 октомври 2022 Демир Далип оствари телефонски разговор со Кристина Крлеска Деспотоска во кој скоро 40 минути тој разговара со неа и и се извинува за неговите како што ги нарекува грешки кои ги правел на Фејсбук, за денес повторно да праќа писма во медиуми со кои го брани ВМРО ДПМНЕ, а инспириран од пресот на Крлеска Деспотоска.

Денес повторно Демир Далип оживеа и сега повторно сам се прогласи за лидер на Египќаните ( иако никој не го есапи и не го смета за ништо, а не пак за лидер ) и сега испратил писмо во еден портал каде изразува политички ставови , повторно против СДСМ .

Очигледно Демир Далип можеби треба да стане лидер на СДСМ Охрид бидејќи е единствена општествена појава на која СДСМ ОХРИД регира. ( за потсетување СДСМ не успеа да реагира на посетата на Кристијан Мицкоски во Охрид која беше во ист ден кога Демир Далип најави дека сакаат да го умрат , но затоа реагира на постовите на Демир Далип .
Останува да видиме До кога СДСМ ќе ги заташкува инцидентите на Демир Далип , ќе го штити од одговорност за напади врз жени ( кои ги прави со години и има подолг список на инциденти список на инциденти со физички напади строго врз жени ) како последниот врз медицинска сестра во Општа Болница кој СДСМ го заташка.
ohridvest.mk