АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалникот Пецаков со пратениците од македонското Собрание оствари средба со Делегација од Р.Австрија

Денес заедно со пратеници од македонското Собрание остваривме средба со Делегација од Република Австрија, предводена од Christian Sagartz, пратеник во Европскиот парламент, Patrik Fazekas и Johannez Mezgolits, пратеници од регионалното собрание, Бургенланд.
Разговаравме за повеќе теми кои во моментов се актуелни во Македонија.
Беше заклучено дека на Македонија и се неопходни промени со цел да започне да се движи во вистинска насока.
Се согласивме за продолжување и интензивирање на соработката, како и за соработка во областите кои се од интерес на градот, стои во ФБ објавата од градоначалникот Кирил Пецаков.