АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Градоначалникот Пецаков дел од „Саемот на промените што носат иднина“

Во рамки на „Саемот на промените што носат иднина“ заедно со соговорниците дискутиравме на тема: „Предизвиците на Локалната самоуправа во услови на енергетска криза“.
Истакнав дека во енергетска криза функцинирањето на Локалната самоуправа навистина претставува предизвик, бидејќи зголемувањето на сметките за електрична енергија е речиси тројно. Доколку тука се вклучат и сметките за електрична енергија од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Општина Охрид се доаѓа до фрапантни податоци.
Но и покрај овие потешкотии, ние како Локална самоуправа веќе сме фокусирани кон изработка на стратегија и план за непречено функционирање на локалните институции. Во таа насока е поставувањето на фотоволтаични системи за поризводство на електрична енергија и уште неколку други мерки, стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков.