АктуелноОхрид

Аџиоски: До Собранието поднесовме Закон за субвенциониран студентски оброк, а за средношколците да добијат соодветна финансиска поддршка

Денес до Собранието на Република Македонија поднесовме Закон за субвенциониран студентски оброк со кој бараме зголемување на субвенцијата од 120 на 160 денари и исплата на средствата по истиот принцип како и минатата година.
Освен студентите и средношколците треба да добијат соодветна финансиска поддршка, затоа и за нив предлагаме по 3 000 денари месечно во периодот додека трае кризната состојба т.е. до 30ти април 2023 година, напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО ДПМНЕ од Струга ФБ Мирче Аџиоски.

Во објавата Аџиоски додава:

СДСМ пред да дојдат на власт ветуваа повисок студентски стандард, поквалитетно образование, а од сето тоа до сега нема ништо, останаа излажани студентите.
Затоа со предложениот закон им даваме можност покрај нивните декларативни заложби да покажат и на дело дека студентите не се заборавени од оваа власт.
Треба само да намалат со крадењето и ќе има пари и за студентите и за средношколците и за сите граѓани на Република Македонија.

извор: ФБ Мирче Аџиоски