На повеќенаменското игралиште во Велгошти денес се одвиваат подготвителни активности за поставување на подлогата.
Со овие активности, односно после поставувањето на горниот слој од подлогата градежните зафати ќе финишираат. Со тоа Велгоштани ќе добијат современо повеќенамеснко игралиште.
Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 3 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков