АктуелноОхрид

Лажниот доктор од Вевчани е во земјава, шпекулации се дека избегал

По веста дека докторот кој шест години ги лечел вевчанци, а во последнава година и пол бил и раководител на службата за Итна медицинска помош во Здравствениот дом во Вевчани, бил само апсолвент на Штипскиот факултет за медицински науки, се појавија низа шпекулации во јавноста, но и во одредени медиуми. Се отиде до таму што некои тврдеа дека 33-годишниот доктор на кого не му било издадено ниту уверение, ниту диплома по обелоденување на скандалот веднаш ја напуштил Македонија. Се отиде до таму што дури се тврдеше дека докторот заминал во Белград или Швајцарија. NEWS1.MK од извори во истрагата дознава дека сите овие вести се шпекулација и дека докторот е во Македонија.

За потсетување по обелоденување на скандалот од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип објавија дека до нив не е пристигнато ниту едно барање од надлежен орган за проверка на документација.

„Но според она што ние го проверивме, последен пат тој бил активен на медицинскиот факултет во Штип 2014-2015 година, кога бил апсолвент. Запишан бил 2008-2009 година. Факултетот нема издадено ниту диплома, ниту уверение за тој студент, велат од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Инаку Вевчанскиот доктор го нема ниту во регистарот на Лекарската комора, бидејќи како што вели претседателката на комората, доктор Калина Старделова, тој немал лиценца за работа, нити имал положено стручен испит.

Извори за Алфа потврдуваат дека сомнителниот лекар во октомври 2016 година, кога е примен на работа во службата за Итна медицинска помош, приложил оргинални документи од диплома, уверение за положен стручен испит и лиценца за работа, но никој не се посомневал во веродостоноста на истите, сè до пред неколку дена кога во Здравствениот дом стигнал допис од Лекарката комота дека не постои лиценца за работа со таков број и под тоа име.

За сега ниту од полицијата ниту од Основното јавно обвинителство не соопштуваат детали за случајот. Од таму со истиот одговор како и вчера дека ОЈО Струга е известено за настанот и дека „се вршат проверки и се обезбедува документација за да се проверат наводите“.

Докторот-студент е времено суспендиран од работното место, а директорот на здравствениот дом Јован Стојкоски, не сакаше да коментира ништо, сѐ додека, како што рече, не заврши истрагата.

извор: NEWS1.mk