АктуелноОхрид

Во автомобил на улицата „Димитар Влахов“ полицијата пронашла тегла со марихуана и паковање со кокаин – кривична за сопственикот

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33 годишен жител  од ресенското село Покрвеник поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед на пријавениот и на патничко моторно возило што го користел, извршен пред угостителски објект на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за нелегална трговија со дрога при СВР Охрид пронајдоа и одзедоа тегла со марихуана и паковање со кокаин.

извор: СВР Охрид