АктуелноОхрид

СВР поднесе кривична пријава против 54 годишен Охриѓанец – во неговиот дом затекнале лице како користи марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 54 годишен Охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и ,,овозможување употреба на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претрес, извршен по судска наредба во неговиот дом на 30.03.2021 година, полициските службеници од Одделението за нелегална трговија со дрога при СВР Охрид затекнале 35 годишно лице од Охрид при користење марихуана, а дополнително, пронајдена и одземена е марихуана и предмети со остатоци од марихуана, кокаин и хероин.

извор: СВР Охрид