сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

Патот Ќафасан-Елбасан ќе биде со четири ленти веќе се почнува со работа, а кај нас? Автопат се гради 8 години и не се знае кога ќе заврши

Следниот месец почнуваат градежните работи за реконструкција и проширување на патниот правец граничен премин Ќафасан, на албанско-македонската граница до градот Елбасан.

Според директорот на Агенцијата за државни патишта Ервис Бербери патот ќе биде со четири ленти, проектот предвидува интервенција на постојниот пат, но и изградба на нови сегменти во зависност од теренот, објави vesnik-ilinden.com.

Во ноември почнуваат работите за првите 5,3 километри од овој пат, делница Џибрак-Мирак, која делумно ќе биде на нов терен и привремено ќе се користи стариот пат. Ќе има и надвозник. За ова планирани се средства од 25 милиони евра. Напоредно со тоа ќе се направи студија за изградба на бајпас во Елбасан со цел да не се влегува во градот, рече Бербери

Додава дека патниот правец Ќафасан – Прењас-Елбасан (8,1 километар) е дел од коридорот 8 и главен јазол на копнената врска со Македонија и Грција и последните години има за неколкупати зголемена фреквенција.

Изграден пред повеќе од две децении единствените инвестиции беа во неговото одржување. Во нашата анализа оцениваме дека проширувањето на патот ќе ги намали сообраќајните незгоди и честите блокади, го олеснува сообраќајот и го скратува времето на патување, како во правец кон Северна Македонија, така и во правец кон Корча, со зголемување на максималната дозволена брзина, додава Бербери.

Вака е во Албанија, а кај нас?

На ден пред најавеното отворање кое беше за 08.10.2022 год, асфалтиран беше само еден дел под мостот кај Подмоље.

Власта најавуваше дека патот од Охрид до селото Требеништа , кој е дел од автопатот кој треба да го поврзе Охрид со Кичево (а се гради веќе 8 години) ќе го отворат на 08.10.2022 год.
Охрид 1 ви пренесе видео снимка од тоа како изгледаше автопатот кај Подмоље. Имено ќе забележите дека е асфалтирано само едно патче под мостот.

Инаку од видео снимката која ја направивме вчера на патот кој треба да се отвори во понеделник се гледа дека се асфалтираше една лента под мостот кај Подмоље, а се прави и излез од автопатот кој треба да води до аеродромот.

ПОГЛЕДЕНТЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ПАТОТ СНИМЕН на 08.10.2022 год

 

Видео: ONE MEDIA