Фамозниот секретар којшто е познат по фаворизирање роднини и пријатели при доделување на функции без притоа да се води сметка за стручноста, уште еднаш е вклучен во директен непотизам што е во спротивност со Законот за спречување на корупција и судирот на интереси, се вели во соопштението од Левица ЛО Охрид.
Во продолжение на истото од партијата додаваат:
Имено, секретарот на Општина Охрид – Александар Китески, својот прв братучед – Ристо Китевски го назначи за претседател на Градски ракометен клуб – Охрид за што зема надокнада. Дополнително, Ристо Китески е назначрн за законски застапник на ЈП Комуналец.
Левица ЛО Охрид смета дека ваквите чекори на Китески се директно злоупотребување на служебаната положба доведувајќи свои роднини на привлечни и влијателни функции.
Ова е трет дел од известувањата до јавноста каде што на нашите охриѓани им го прикажуваме непотизмот во Општина Охрид, односно непотизмот на Александар Китески, како секретар на Општина Охрид, назначен од неговата партија.
Освен што на својот ФБ профил, со недоличен речник за еден интелектуалец се обиде да го навреди раководството на ЛЕВИЦА Охрид, до денес Александар Китески не се обиде да демантира дека неговиот непотизам е лага.
извор: Левица ЛО Охрид