АктуелноОхрид

СВР Охрид: Извршен разговор со 47 годишен охриѓанец кој ја оштетил таблата со натпис „Цар Борис III“

На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со 47 Годишен Охриѓанец при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување заради нивно натамошно постапување.

извор: СВР Охрид