АктуелноОхрид

ОО СДСМ Охрид со честитки за отпочнувањето со работа на Младинскиот Центар во Охрид

Упатуваме искрени честитки по повод отпочнувањето со работа на Младинскиот Центар во Охрид. Посакуваме плодна работа, креативни содржини, конструктивни идеи и иницијативи за збогатување на квалитетот на живеење на младите луѓе во градот. 👏Го поздравуваме континуитетот за работа за доброто на младите на локалната самоуправа. Откако претходниот состав на Советот по иницијатива на тогашниот Градоначалник го формира Советот за млади и ги утврди просториите за Младинскиот Центар, Општина Охрид, беше една од ретките општини која постапи по Законот за младинско учество и младински политики.
Основна и заедничка цел на сите чинители во општествено – политичкиот живот треба да ни биде подобрување на квалитетот на животот на младите во Охрид, создавање услови да живеат и творат во својот град и да учествуваат во креирањето на локалната политика.
-стои во објавата на ФБ од страна на ОО СДСМ Охрид.