Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на својата официјална Фесјбук страница објави дека заедно со Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид присуствувале на ракометниот натпревар РК Струга – ГРК Охрид.
Спортот мора да е приоритет за развој и инвестиции. Многу подобри денови доаѓаат за македонскиот спорт, напиша Николоски.
извор: ФБ Александар Николоски