При обид за санирање на дефект на канализационна линија на ул.7- ми Ноември утврдено е неправилно приклучување на објект во мрежата за одведување на отпадни води. Веднаш се пристапи кон градежна активност преприклучување на канализационната линија со изведба на ревизионна шахта . При ископот е изваден отпад кој е неразградлив и претставува опасност за појава на дефект на канализационната мрежа.
Во повеќе наврати како ЈП сме апелирале за правилно депонирање на отпадот кој се испушта во системот за одведување на отпадни и атмосверски води. Неправилно депонирање води кон појава на дефекти на канализационната мрежа со што директно се загрозува здравјето на луѓето а исто така и животната средина, информираат од ЈП Нискоградба Охрид.