понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Грозданов: Бугарија направи катастрофална грешка во надворешната политика, наместо да добие пријатели и сојузници, таа го провоцира македонскиот народ

Сакам да укажам дека немаме ништо против бугарскиот народ, но имаме многу против бугарската политика која ни го наметнува во дадениов момент некои фашистички решенија , имиња на некои клубови кои што учествувале во време на НОБ на страна на окупаторот, истакна Цветко Грозданов  кој е дел од протестот во Охрид.

Ваквите оварарања на клубови кои биле со имиња со фашистички предзнак и кои што за врмее на НОБ биле на страната на окупаторот не се добредојдени, не само во Охрид туку и  во цела Македонија. Овој народ е мирен народ и затоа овој протест , сметајќи дека ова што се случува денеска во Охрид е провокација на бугарската политика. Во дадениов момент Р. Бугарија направи катастрофална грешка во надворешната политика, наместо да добие солјузици, пријатели , таа напротив го провоцира македонскиот народ. Со тоа не губиме ние туку Бугарија .Ние како македонци не можеме да погазиме на Илинден, не можеме да погаземе на НОБ , а нема да погаземе ниту на она што е Уставот на РМ, истакна Грозданов.