АктуелноОхрид

Левица: Полицијата врши притисок брз раководството на Л.О. Левица – Охрид!

Во врска со утрешниот протест против отворањето на граѓанското здружение, кое го носи името на фашистот и соработникот на Хитлер, ,,Цар Борис III”, охридската полиција, преку телефонски јавувања и други слични методи на притисок, пречекорувајќи ги своите овластувања го малтретира и вознемирува раководството на ЛО на ЛЕВИЦА Охрид, велат од партијата.
Во соопштението испратено до медиумите тие додаваат:

Ги повикуваме одговорните на СВР Охрид, да престанат со нивните обиди саботирање на утрешниот протест. Воедно, им порачуваме дека нема да подлегнеме под ваквите подли методи за заплашување, и утре, заедно со сите жители на Охрид, ќе излеземе на протест да кажеме НЕ за глорификацијата на личности соработници на окупаторските наци-фашистички сили и НЕ на обидот за ревизија на историјата ширејќи ги нео-фашистичките идеи и дејци на Бугарија.

– НЕ за бугарскиот Хитлер!
– НЕ за рехабилитација и глорификација на фашизмот!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!!!

извор: Левица ЛО Охрид