АктуелноОхрид

(ФОТО) Бројни активности на Градскиот плоштад денеска од страна на Црвен крст Охрид

Бројни волонтери, активисти, поддржувачи, пријатели на Црвен крст Охрид, од сите возрасти, на градскиот плоштад во Охрид имаа свој ден за забава, дружење, едукација.
Најбројни, највесели беа најмладите, кои ја следат едукативната програма Полетарче, членовите во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид. Заедно со своите родители, тренери тие го прославија дванаесеттиот роденден на Центарот го прославија со прекрасно дружење, преку играње друштвени игри, цртање, забавни игри со аниматорот Венера Јоноска, зачинето со мафини и сокче.
Не помалку весели беа и волонтерите од Групата за поддршка на стари лица при Црвен крст Охрид кои го одбележаа Меѓународниот ден на стари лица, промовирајки ги своите активности со акцент на Јога смеа програмата.
Овој прекрасен сончев октомвриски ден го искористија и младите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид за да го прослават 26-от роденден на младинското организирање во Црвен крст Охрид, истакнувајќи ги и приближувајќи ги своите програми и активности до потенцијалните млади луѓе, волонтери, желни и подготвени да ја истакнат и надоградат својата креативност, хуманост, солидарност и со своите дела придонесат да бидат причина за нечија насмевка.
Волонтерите на Црвен крст Охрид во областа на првата помош, лекари, парамедици, едукатори, демонстратори преку практични презентации на вештини и техники за укажување прва помош и реален приказ на повреди, денес ја започнаа кампањата за ширење на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел едукацијата и подигање на свеста на населението за правилно и навремено укажување на прва помош, како клучен фактор во спречување и намалување на инвалидитетот и спасување на човечки живот.
За учесниците да бидат во добра кондиција се погрижи Охридскиот тим на Орифлејм, Тим Татјана 421-Охрид кој
ја понуди „Линијата за здрав живот“ и производите од Wellness програмата.
Црвен крст Охрид