Наш ИзборНаш изборОхрид

Дали двете уапсени Корејки се припаднички на секта ?

Јавноста во Охрид остана зачудена ,од како вчера нашрво на „ Охрид1“, а потоа и во официјално соопштение на Полицијата беше потврдено дека мајка и ќерка од Кореа напаѓале луѓе на улицата Партизанска, на крстосницата од страна на црквата Свети Никола во Долна Влашка Мала.

Сведочењата на граѓаните кои за нашиот портал раскажуваа што правеле мајката и ќерката кои биле не вообичаено облечени во црни фустани со чуден крој, асоцираат дека тие тука изведувале одреден ритуал користејќи ножиња, течности и метли.

Весникот „Вечер“ во денешното издание пишува дека мајката и ќерката од Кореа правеле проблеми и во апартманот каде биле сместени, се однесувале невообичано, а сопствениците на апартманот заради тоа го известиле сервисот „Ербиенби“ дека планираат да ги замолат да го напуштат апартманот, заради невообичаени работи кои ги правеле.

Корејките се уапсени и се очекува денес да бидат протерани од државава.