недела, ноември 17, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Заврши акцијата за чистење на магистрален пат Охрид-Св.Наум, само од дивите кампери собрани стотина вреќи отпад

Денеска екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец” завршија со акцијата која изминативе 15 дена ја спроведоа за расчистување на расфрланот комунален отпад покрај магистралниот пат Охрид-Свети Наум. Денес се собираше отпад од последната етапа кај село Љубаништа, до манастирскиот комплекс Свети Наум и до границата со Република Албанија. Вкупно се собрани околу 600 вреќи тешко разградлив комунален отпад
‼За жал и оваа година не не` одминаа сликите со купишта отпад кој зад себе го оставија дивите кампери на една од најубавите плажи на источното крајбрежје од Охридско Езеро, во близина на кампот Љубаништа. Само на потегот после кампот Љубаништа до манастирскиот комплекс Свети Наум се собрани околу 100 вреќи отпад