АктуелноОхрид

Божиновски: Ние како Локална Самоуправа секогаш ќе го поддржуваме едрењето како спорт

Викендов Охрид е домаќин на Втората Меѓународна едриличарска регата „International Ohrid regatta“ во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг” Охрид – „Aquatica Yachting” Ohrid, а со поддршка на Општина Охрид и Macedonian Sailing Federation / Едриличарска Федерација на Македонија, напиша на својот ФБ профил перчо Божиновски.

Во продолжение ја пренесуваме објавата во целост:

Во има на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид на почетокот на регатата, кај плажата „Горица 1 – К’ј Дивоно“, заедно со Marko Pejchinovski и Будимир Соколовиќ, претседател на ЕФМ, го изразив моето задоволство што денес сум меѓу организаторите и ценетите учесници на ова големо спортско случување со кое се продолжува туристичката сезона во Охрид.
Ви благодарам на сите вам – мајстори на стрмниот бран и налетот на ветрот, што ни подарувате вакво спортско случување кое ги оживува нашите чувства дека летото е сѐ уште тука и убавите сончеви денови нема да заминат.
На јужен начин насмеани и силно, со вешто напрегање на платната со едра и фаќајќи го „чистиот“ ветер, секогаш создавате чувство дека сте „кралеви на снежно-бела јахта“ и успевате преку овој спорт да го поставите Охрид високо на меѓународната спортска карта.
Едрењето е сериозна активност, чини скапо во однос на вложување труд и пари, а со самото тоа што се одлучиле да се занимавате со него создавате услови за развој на спортскиот туризам кај нас. Токму затоа ние како Локална Самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите случувања.
Почитувани учесници од Македонија, Србија и Бугарија успешни натпреварувачки денови. Сите вие сте добри „акробати на вода“, но нека победи највештиот од вас.
Драги мои,
Вам ви треба езерото како воздухот, како можност за вистински живот, а вие ни требате нам, затоа што вие сте двигатели на вакви убави спортски настани кои и во иднина ќе ги поддржуваме.
Ви посакувам успешни спортски денови со желба догодина да бидете побројни!
Регатно поле: Охридски залив
Класи: O, ILCA 4, 470
Учесници: ЕК „Акватика Јахтинг”-Охрид и ЕК „Снегар“-Струга од Македонија , ЈК „Палич“-Палич, ЈК „Панонија 1975“-Бела Црква и ЈК „Смедерово“-Смедерево од Србија и ЦСЦЈ ,,Централен Софиски Јахт Клуб”-Софија од Бугарија.

извор: ФБ Перчо Божиновски