АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Четиринаесет години од загинувањето на DJ Panter и DJ Bruce

Денеска се навршуваат полни 14. години од смртта на Влатко Пантовски – DJ Panter и Наумче Аврамоски – DJ Bruce.

Годините поминуваат, но споменот на нашите колеги не избледува. Остануваат засекогаш нивната ведрина, насмевките и позитивната енергија која ја ширеа, каде и да се појавеа. Охридската медиумска заедница не дозволува годиниве наназад да избледи споменот на своите колеги.

Пантовски и Аврамоски ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24-ти септември 2008 година, околу 21:00 часот во близина на планинскиот превој „Буково“.