АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалничката од Огоџењец, Република Полска, во посета на Охрид

Градноачалникот Кирил Пецаков денес оствари работна средба со Ана Пиларцук градоначалничка на Огоџењец, Република Полска.

На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, образование, култура, туризам. Исто така се разговараше за размена на искуства и идеи во подготовката и аплицирањето на проекти во ЕУ фондовите. Република Полска котира многу високо во добиени финасиски средства од ЕУ фондовите за реализација на проекти. Општина Охрид веќе има воспоставено соработка со полски фондации во подготовката на проектни апликации.

Соговорниците разговараа и за реализирање на промоција на Охрид во градот Огоџењец и Република Полска. Беа разменети мислења и идеи за концептот на промоција и за остварување на заеднички промоции на меѓународни саеми за туризам.

Заеднички беше констатирано дека соработката ќе се продлабочи и ќе се насочи во области од кои двата града ќе имаат интерес.

 

 

општина Охрид