АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Градоначалникот Пецаков оствари работна средба со претседателката на Клубот на младински прашања и политики

Работна средба остварв со Претседателката на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Македонија, пратеничката Моника Зајкова и со претставници од Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП).


Разговаравме за можностите да се преземат конкретни активности за зајакнување на соработката помеѓу Собранието и Општина Охрид , со вклученост на граѓанскиот сектор, а првенствено во интерес на подобрување на положбата на младите луѓе во општествените текови , како и процесот на дигитална трансформација кој е од интерес на сите граѓани.
Општина Охрид е една од ретките на територијата на државава во која веќе функционира општинскиот Совет на млади, а наскоро се очекува да профункционира Центарот на млади кој ќe биде сместен во просториите на ХАБ касарната во Охрид.
По работната средба остваривме средба со раководните лица за млади и спорт и за процесот на дигитализација во Општина Охрид, претставници од различни политички партии, Советници од советот на Општина Охрид и од општинскиот Совет на млади, напиша во својата објава на Фб градоначалникот Пецаков.