АктуелноОхрид

Сител: Манекенка од Унгарија едвај се спасила од трговија со луѓе во Охрид

Унгарската мисица Викторија Јазмин во Охрид преживеала вистински хорор. 21 годишната манекенка договарала фотосесија со Македонец кој се претставувал како бизнисмен. Како што раскажува таа, на почетокот бил фин, но по неколку дена почнала да се сомнева во неговите намери, поради чудното однесување, објави Сител.

„По пристигнувањето, персоналот на хотелот ми го зеде пасошот, а потоа ништо не се случуваше со денови, каде и да одев некој беше со мене, ме чуваше. По некое време, мојот клиент почна да ме турка. Сакаше да ме прегрне, ме замоли да му дадам бакнеж, ми пријде малку насилно, но јас одбив. Тој само еднаш се сврте кон мене и ми рече: ако те убијам токму овде и те фрлам во езерото, никој немаше да знае каде си дваесет години. Се исплашив, но не покажав, туку испив две чаши вино. После тоа, ништо не се сеќавам од вечерта, веројатно имаше нешто во пијалокот, паднав во несвесна состојба.“ – Викторија Јазмин, унгарска манекенка

Следниот ден Јазмин побарала помош од својот татко. Додека го чекала да дојде од Унгарија, таа успеала да се сокрие. Две ноќи спиела во шатор.

 

Текстот во целост на: Сител.