АктуелноОхрид

Охриѓанец со возило зело друго лице и во село Рамне физички го нападнало

На 16.09.2022 година полициски службеници во СВР Охрид,  лишија од слобода лице на .(23) години  од Охрид.
Тој се сомничи дека на 14.09.2022 со С.Б. од Охрид, во селото Велгошти со употреба на сила го внеле лицето на (25) години  во возило, по што го однеле во село Рамне каде физички го нападнале.
По целосно документирање на случајот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид