Претседателот на Македонија Стево Пендароски не ги закити со медали и награди победниците на Охридскиот пливачки маратон кој денес се одржа во Охрид, а медалите ги додели младата охридска пливачка легенда Марко Пејчиноски,
Ова е прекин на традицијата Претседателот на државата да ги доделува наградите на победниците на маратонот, пракса која се применуваше од осамостојувањето на Македонија и е прекината на овогодинешното издание. Дури и Киро Глигоров во време на неговиот мандат по атентатот не го пропушти маратонот во Охрид и редовно ги доделуваше медалите.
Претходно Пендароски се појави на стартот на трката и во медиумите испрати соопштение во кое се нарече покровител на маратонот иако претходно токму тој објави дека оваа година нема да се оржи Охридскиот пливачки маратон заради блокираните сметки на Пливачката федерација на Македонија.
ОПШТИНА ОХРИД ГО ОРГАНИЗИРА МАРАТОНОТ
Оваа година со одлука на Советот на општина Охрид по предлог на Градоначалникот Кирил Пецаков, општината сама го презеде организирањето на маратонот и го понесе трошокот за негово одржување, од како претседателот објаби дека маратон нема да има.