Измамниците продолжуваат да демнеат. Измислуваат секакви начини да дојдат до финансиски средства. Жртви се претежно постари лица. Имено и покрај тоа што повеќепати СВР Охрид бележи вакви настани, сеуште бандата во која се вклучени повеќе лица не е фатена, и сеуште малтретира и вознемирува граѓани.
Анета Вршкоска Јованоска раскажува голгота која ја поминале нејзините родители во текот на вчерашниот ден. Таа раскажува дека им се јавило непознато лице претставувајќи се дека е инспектор во полиција објаснувајќи им дека нејзината сестра направила сообраќајна несреќа во која тешко повредила дете, по што барал пари.
Јованоска обраќањето го објави на својот ФБ профил под наслов: Превенција од измама и разбојништво. Во продолжение истото го пренесуваме во целост…
видео: ФБ Анета Вршкоска Јованоска