АктуелноОхрид

(ФОТО) Пендаровски се појави на маратонот, локалната не го покани, дали дојде на покана на Агенцијата за спорт и млади или самоиницијативно?

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски се појави на 35. Охридски пливачки маратон.

– На стартот, претседателот Пендаровски им посака мирно езеро и успешна трка на учесниците, нагласувајќи го нивниот придонес во афирмацијата на Охридскиот пливачки маратон. Проследи дел од маратонот во придружба на талентирани ученици, добитници на награди на меѓународни натпревари, кои се гости на претседателот и сопругата како дел од програмата за поддршка на млади таленти „Отворен Кабинет за талентирани ученици“, информираат од кабинетот на Претседателот.

Дознаваме дека Локаланта самоуправа не испратила покана до него, но нема информации дали тоа не го направила федерацијата. Проблемите настанаа откако претседателот јавно го откажа финансирањето на традиционалниот пливачки маратон, со што предизвика бура реакции и негодувања во јавноста.

По ова Локалната самоуправа и градоначалникот Кирил Пецаков направија се да обезбедат средства за маратонот и истиот да продолжи.

фото: Кабинет на Претседател