АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков со огромна почит кон основоположниците на „Билјана“ за непроценливото музичко наследство

Прекрасна музичка вечер, посветена на јубилејот – 70 години од формирањето на анасамблот “Билјана“ и 10 години од првиот концерт на реобновениот состав со денешните членови.
Во пребогатото културно и духовно наследство на Охрид, музичкото творештво на ансамблот “Билјана“, зазема едно од позначајните места, кои придонеле за афирмацијата на Охрид и Македонија.
Верувам нема охриѓанец, кој не чул за “Ој Зарино прва севдо“, “Бог да бие Русе твојта мајка“ и уште многу музички бисери на нашиот прославен музички состав, чија традиција и препознатлив мелос денес го продолжуваат младите наши сограѓани.
Ја изразувам мојата голема почит за основоложниците на “Билјана“ за непроценливото музичко богатство што ни го оставија во наследство, но истовремено и исто толкава почит кон сегашниот состав кој ги продолжува и ги негува традициите на староградската песна и нашето препознатливо културно битисување.
На ансамблот “Билјана“ од се срце, им посакувам уште многу вакви десетлетни јубилеи, напиша градоначалникот во својата ФБ објава.