АктуелноОхрид

Сопружници нападнале продавачка во центарот на Охрид – жената оперирана од карцином и излив заврши во болница

Продавачка нападната во центарот на Охрид пред муштерии. Настанот се случил вчера околу 18 часот.

Дознаваме дека нападната продавачка е неодамна оперирана од карцином, а неколку години  пред тоа и од излив.

Очевидци на настанот за Охрид 1 раскажуваат дека сопружниците влегле во бутикот и почнале најпрво вербало да ја вреѓаат продавачката, а потоа и физички ја нападнале. Ја турнале во штандот по што таа паднала во безсознание.

Веднаш била повикана полиција, а жената со интна медицинска помош била пренесена во болница.

Од СВР Охрид го потврдуват случајот. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски за Охрид 1 вели дека настанот е пријавен во полиција. Тој додава дека се превземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветна пријава.

Останува да видиме дали овој настан ќе се води како нарушување на јавниот ред и мир, или обид за убиство?

извор: Охрид 1