АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Овој ден, сигурен сум, ќе не обедини сите во вечниот стремеж за подобра Македонија

Изминаа 31 година, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, а нашата Татковина, Република Македонија ја прогласи својата независнот.
Во историски контекст краток период за една држава, но доволно долг за да ја потврдивме нашата цврста определба за демократска и просперитна Македонија.
За жал и после 31 години, ние како Македонци, повторно сме исправени пред предизвик, кој треба и мора да го совладаме, за да го зачуваме нашиот национален и идентитетски корен.
Овој ден, сигурен сум, ќе не обедини сите во вечниот стремеж за подобра Македонија. Уверен сум дека граѓаните на Охрид како непресушен вруток на македонската историја, култура и духовност ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани.
Да ни е среќен и вековит празникот, нашиша во својата објава на ФБ, градоначалникот Кирил Пецаков.