АктуелноОхрид

(ФОТО) И Охриѓани револтирани од сметките за струја, велат некои денови се плаќаат по два пати

Граѓани секојдневно се жалат дека струјата за одредени денови се наплаќа по два пати. Тие објавуваат на социјалните мрежи сметки на кои јасно се гледа дека одредени денови им се поклопени, поточно дека за одредени денови им е наплатени два пати.

Со исти проблем и Охридѓанец. Тој во редакцијата на Охрид 1 испрати две сметки според кои два дена се наплатени дупло. Имено првата е за пресметковен период од 21.06 2022 год до 21.07. 2022 година, а втората е од 19.07.2022 до 22.08.2022 год.

 

На исти проблем се пожали и скопјанец. Тој објави две сметки за струја, една за периодот од 23 јуни до 21 јули, а втората за периодот од 16 јули до 22 август.

-Како што можете да забележите, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати два пати му се наплатени.

Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.

Друг се пожали дека на неговите две сметки, ЕВН наплатиле дупло за три дена.

Но освен за дуполото наплаќање, граѓаните се жалат и за ставката „дистрибуција на електрична енергија“.

„Како е можно ЕВН да прави вакви наплати за дистрибуција? Во Јуни потрошена струја 639 денари, дистрибуција за истата 340 денари. Во Јули потрошена струја 439 денари, дистрибуција за истата 628“, вели друг револтиран граѓанин.

 

Фото: Охрид 1

извор Охрид 1 и TWITTER