АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Молитва пред почетокот на училишната година!

Господи, Боже, Создателу наш, со својот лик си ни направил чест нам, луѓето, си ги научил Твоите избраници да ги почитуваат оние, што го имаат примено Твоето учење, откривајќи им ја премудроста на децата; Ти си го научил и Соломона и сите оние, што ја бараа Твојата премудрост; отвори ги срцата, умовите и устите на Твоите слуги, за да ја примат силата на Твојот закон, и успешно да ги разберат полезните учења што им се предаваат, во слава на Твоето пресвето име, во полза и заради напредокот на Твојата Црква, и за разбирање на твојата добра и совршена волја. Избави ги од сите непријателски напади, зачувај ги во православноста и во верата, и во секоја благочестивост и чистота во сите дни од нивниот живот, да напредуваат во знаењето и исполнувањето на Твоите заповеди; та така подготвени да Го прослават Твоето пресвето име. Зашто Ти си Бог, силен во милоста и добар во силата, и Тебе Ти прилега секоја слава, чест и поклонување, на Отца, и Сина, и Светиот Дух, сега и секогаш, и во век и веков. Амин.